Ахмадинеџад - Шефот на МААЕ е американски пион

Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ), Јукиа Амано е американски пион, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Според него, Амано само ги претставува документите што ќе ги добие од американските претставници.

Тој повтори дека Иран не работи на развивање на атомска бомба, во пресрет на објавувањето на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Израел соопшти дека не ја отфрла идејата за воен напад врз иранските нуклеарни каопацитети.

Иранскиот министер за одбрана, претходно оцени дека заканите за можен израелски напад на Иран се само новинарски шпекулации и оти Иран е подготвен да одговори на секоја закана.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, вчера соопшти дека воена акција против Иран се уште е опција, но оти Вашингтон преферира проблемот да се реши со дипломатски притисок врз Иран.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев, пак, предупреди да не се користи „исклучително опасна реторика“.

Русија, Кина и Франција се против употреба на сила против Иран.