Министерот за економија Сарачини учел и работел со полна пареа

Министерот за економија, Валон Сарачини.

Министерството за економија во изминативе сто дена работеше под полна пареа, а кога се работи интензивно тешко е да се сублимира сработеното, рече ресорниот министер Валон Сарачини, по повод 100 дена на новата функција.

Овие 100 дена ни беа исполнети со многу работа и учење на проблематиката во од, рече Сарачини и додаде дека приоритети на министерството се економскиот раст, подобрувањето на бизнис климата, поттикнување и деверзификација на производството, зајакнување на иновативноста, инвестициите и извозот, зголемување на конкурентноста на економијата, зајакнување на малите и средни претпријатија и намалување на енергетската зависност од увоз на енергенси.