Нови 172 македонски војници во Авганистан

Архивска фотографија: Свеченост по повод испраќањето на нов контингент македонски војници во Авганистан на 26 март 2010 година.

Собранието донесе одлука за испраќање 172 припадници на АРМ за учество во мировна мисија во Авганистан во состав на Меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан - ИСАФ.

Трошоците за транспорт ги обезбедува НАТО, додека другите трошоци за плати, надоместоци, придонеси и логистички трошоци ги обезбедува Република Македонија. За шесте припадници на медицинскиот хируршки тим, трошоците за транспорт, сместување, исхрана, гориво и итна медицинска заштита ги обезбедува Кралството Норвешка, додека другите трошоци за плати, надоместоци и придонеси ги обезбедува македонското Министерство за одбрана.

Ова е 11 ротација на Механизирана пешадиска чета која се грижи за безбедноста на командата во Кабул. Припадниците на АРМ ќе заминат во Авганистан во декември или на почетокот на јануари и таму ќе бидат шест месеци.