Иран: Западот нема докази за нуклеарното оружје

Шефот на иранската дипломатија Ал Акбар Салехи

Шефот на иранската дипломатија Ал Акбар Салехи за време на денешната посета на Ерменија изјави дека Западот нема конкретен доказ дека Иран развива програма за нуклеарно оружје. ,,Западниот притисок е без сериозен аргумент,, рече Салехи. Вчера Белата Куќа изрази очекување новиот извештај на Обединетите нации за иранската нуклеарна програма да биде, како што се наведува, ехо и зајакнување на американската загриженост за нуклеарните можности на Техеран.