Десетина загинати во експлозија на мина во Авганистан

Осуммина членови на едно семејство и двајца полицајци загинале при експлозија на мина поставена крај пат во авганистанската провинција Багдис, соопштија денеска локалните власти. Тие се сомневаат дека за тоа се одговорни талибанските бунтовници кои се борат против НАТО силите во Авгaнистан кои се во таа земја од 2001 година.