Кучи: поделба на Косово, опасна за регионот

Косовската Влада смета дека извештајот на генералниот секетар на Обединетите нации Бан Ки Мун за последните случувања во северниот дел на Косово во кој се оценува дека тие може да доведат до дестабилизавија на целиот Балкан, е реален. ,,Тенденциите на Србија за стимулирање на насилството прoтив косовските и меѓународните инситуции и целта за поделба на Косово може да предизвикаат реакција која ќе се прелее преку границите на Косово и ќе влијае на претензиите на другите во регионот,, смета косовскиот заменик премиер Хајредин Кучи. Извештајот е доставен до Советот за безбедност кој ќе расправа по него на седница на 29 ноември.