Силен земјотрес кај Окинава

Земјотрес со сила од 6,8 степени според Рихтеровата скала се почувствувал на бреговите на јапонскиот остров Окинава. Епицентарот бил во морето на 220 километри од островот. Засега нема извештаи за жртви и штети, а властите не очекуваат појава на цунами. На 11 март годинава североисточниот дел нa Јапонија беше погоден од земјотрес со сила од 9 степани, како и цунами при што над 20 илјади луѓе загинаа или се водат како исчезнати.