Грција денеска ќе добие нов премиер и влада?

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчката телевизија објави дека премиерот Јоргос Папандреу и лидерот на опозицијата Андонис Самарас се договриле кој ќе ја предводи идната влада на национално единство. Поранешниот потпретседател на ЕЦБ Лукас Пападимос се смета за фаворит за нов премиер на Грција. Познатиот банкар и економист побарал гаранции дека Кабинетот ќе може да одлучува самостојно. Се очекува денеска да биде објавено името на новиот премиер и составот на владата.
Во меѓувреме САД го поздравија договорот за формирање влада на национално единство во Грција. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни повика идниот коалициски кабинет да го прифати европскиот план за економски спас на државата.