Клинтон-подготвени сме да работиме со исламистичките движења

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека САД се подготвени да работат со исламистичките движења од Блискиот исток, кои ја предводеа Арапската пролет. Клинтон при нејзиниот говор во Вашингтон рече дека не сите исламисти се исти и важно е што групите прават за развој на демократијата.
Според Клинтон клучниот криетриум е да не се практикува насилство, туку владеењето на правото и почит спрема малцинствата и жените.