Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најави дека операциите против курдското политичко движење Унија на курдските заедници ќе продолжат. Властите ја обвинуваат Унијата дека го контролира целото курдско движење во земјата и дека сака да ги замени институциите на турската држава со сопствени политички организации, посебно во југоистиочниот дел.