Италија е новата Грција?!

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони во разговор со досегашниот грчки премиер Јоргос Папандреу.

Каматите според кои може да се задолжува Италија достигнаа рекордно ново од воведувањето на еврото во 1999 година. Каматата на италијанските десетгодишни обврзници се искачи на 6,58% и со тоа се приближува до 7 проценти во Ирска и Португалија. Тоа значи дека ако државата сака да позајми пари издавајќи обврзници, ќе треба да плати висока камата. Италија може да стане нова жртва на должничката криза во евро-зоната. Има огромен долг, слаб економски раст, а премногу е скапо да се задолжува. Инвеститорите преферираат Берлускони да замине, за да направи пат за нова влада што поенергично ќе ги спроведе неопходните мерки за штедење.