Директорката на ММФ Легард на средба со Медведев

Директорката на ММФ Кристин Легард.

Директорката на ММФ Кристин Легард се сретна со рускиот претседател Дмитриј Медведев во Москва. Се очекува главна тема на разговорите да биде должничката криза во Европа и можната финансиска помош од Русија. Минатонеделниот самит на Г-20 заврши само со нејасни понуди за инвестиции во одредени земји од евро-зоната. На почетокот на средбата, Медведев рече дека би сакал да разговара за резултатите од Самитот и за прашања поврзани со глобалната економија.

Претходно, Русија соопшти дека заедно со нејзините партнерти од БРИКС(Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка) е подготвена да обезбеди финансиска помош за земјите од евро-зоната, но дека најверојатно таа помош ќе биде обезбедена преку ММФ.

На своето прво службено патување надвор од ЕУ, Лагард треба да ги посети и Кина и Јапонија.