Лидерите во Грција ќе разговараат за нова влада

Јоргос Папандреу

Политичките лидери во Грција денеска треба да се состанат за создавање на привремена влада, чија примарна цел ќе биде одобрување и имплементација на план за спас на задолжената земја и нејзино задржување во Еврозоната. Согласно вчерашниот договор, Јоргос Папандреу се согласи да се повлече од премиерската функција. Тој денеска ќе треба да се сретне со лидерот на конзервативната опозиција Антонис Самарас. Двајцата ќе разговараат за тоа кој ќе биде следниот премиер и кои ќе бидат новите министри.