Шефот на ММФ ќе се сретне со рускиот претседател

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард денеска ќе се сретне со рускиот претседател Димитриј Медведев. На средбата ќе се разговара за должничката криза во Европа како и за начини за реформирање на глобалната економија, јавија руските новински агенции. Лагард во Москва ќе ги посети и руското Министерство за финансии и централната банка.