Ивиан Сарокос прогласена за Мис на Светот

Минатогодишната победничка Александра Милс

Ивиан Саркос од Венецуела е прогласена за Мис на Светот. 21 годишната Саркос останала сирак на осум годишна возраст но и покрај тоа успеала да се стекне со факултетска диплома од областа на човековите ресурси. Таа ја доби титулата Мис на Светот на вчерашниот избор во Лондон. За прва и втора придужничка беа избрани Гвендолин Руаис од Филипините и Аманда Перез од Порторико.