Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Југоисточна Турција

Борбено возило во акција на турската армија против Курдската работничка партија.

Турската полиција употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во Хакјари, Југоисточна Турција. Демонстрациите се организирани против операциите на турската армија во кои се убиени 37 членови на Курдската работничка партија (ПКК).
Околу 50 демонстрантите го имаа блокирано патот меѓу градовите Хакјари и Ван. Откако полицијата употреби солзавец и водени топови тие почнаа да фрлаат со камења врз полицајците и возилата на турската армија.