Тодоров најави поевтини лекови

Министерот за здравство, Никола Тодоров.

Предвидената измена на Законот за лекови и донесувањето на новата методологија за единствени цени на лековите се меѓу најсериозните реформи во здравството спроведени изминатите 100 дена, рече денеска ресорниот министер Никола Тодоров. Тој посочи дека тоа ќе доведе до намалување на цените на лековите.

„Тоа секако ќе го почувстуваат граѓаните“, истакна Тодорoв на прес-конференција по повод сработеното од доаѓањето на функцијата.

Тоj додаде дека првиот и основен предизвик на Министерството е подобрувањето и унапредувањето на системот на организација на здравствениот систем. Приоритет е и квалитетот на услугите посебно од аспект на зглемување на задоволството на пациентите.

Меѓу стратешките цели на Министерството е и унапредувањето на условите за работа на лекарите, подобрување на нивниот статус и материјалната состојба, како што се проектот за дополнително наградување на врвните лекари, унапредување на системот на доделувањето специјализации, реконструкцијата на објектите, новата апаратура.