Уште шест општини ќе управуваат со државното градежно земјиште

Општините Струга, Струмица, Делчево, Карпош, Кисела Вода и Виница ги исполнуваат законските услови за да го преземат процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија, утврдил Комитетот за градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски.
Комитетот за градежно земјиште во текот на следната седмица до Владата ќе достави информација, по што Владата треба да донесе Одлука за конкретните општини и по објавувањето на истата во Службен весник на Република Македонија, општините кои ги исполнија условите ќе можат да го преземат управувањето со земјиштето.
До сега, овластувања за управување со неизграденото градежно земјиште добија општините Берово, Кочани, Илинден, Пробиштип, Штип, Гевгелија, Битола и Демир Капија, кои ги исполнија соодветните законски услови.