Нема мир во Сирија и покрај договорот

Протести во близина на Хомс.

Сириските безбедносни сили убиле четворица цивили на анти-владините демонстрации ширум земјата, соопшти огранизацијата, Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
Според нив, тројца цивили биле убиени во жариштето на протестите, градот Хомс. Четвртиот цивил бил убиен во градот Хама. Генералниот секретар на Арапската лига, Набил Ал Араби, вчера изјави дека ќе биде катастрофално за Сирија, ако земјата не се придржува до условите за завршување на крвопролевањата што претходно ги прифати.