Нов министер за одбрана на Саудиска Арабија

Саудискиот принц Салман Бин Абдел Азиз.

Саудискиот принц Салман Бин Абдел Азиз со кралска уредба е назначен за министер за одбрана на Саудиска Арабија. Принцот Салман беше гувернер на провинцијата Ријад од 1962 година. Министерското место во ресорот одбрана се смета за едно од најважните во земјата. До именувањето на Салман доаѓа две недели по смртта на неговиот брат Султан Бин Абдел Азиз, кој беше министер за одбрана и наследник на царската круна.