Груевски се сретна со Јанез Јанша

Премиерот Никола Груевски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на Словенечката демократска странка и кандидат за премиер на Словенија Јанез Јанша. Груевски беше почесен гостин на изборната конвенција на Словенечката демократска странка.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера се сретна со Јанез Јанша, претседател на Словенечката демократска странка и кандидат за премиер на Словенија. Како што соопшти прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, кој отпатува во Љубљана по покана на Јанша, заедно со партискиот секретар за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев, се сретнаа со Димитриј Рупел, поранешен министер за надворешни работи на Словенија.

На средбите е нагласена соработката на двете држави, како и посветеноста на Словенечката демократска странка за континуирана поддршка на Македонија доколку после изборите, кои ќе се случат наскоро, го добие мандатот за состав на новата влада.

Лидерот на Словенечката демократска странка Јанез Јанша изјави дека Македонија остварува одличен економски раст, „затоа што владата на Груевски покажа дека има правилен начин како да се соочи со светската криза“, изјави Јанша.