Аџиите денеска на планината Арафат

Милиони муслимански аџии денеска се искачуваат на планината Арафат, на 19 километри од Мека, кој е еден од клучните моменти на 5-дневниот аџилак. Таму аџиите ќе го поминат денот во молитва. Саудијската влада соопшти дека нешто помалку од два милиона муслимани учествуваат во овогодишниот аџилак, кој завршува в недела.