Спасени 44-ца рудари по несреќа во рудник во Кина

44-ца рудари биле спасени од еден рудник за јаглен во централна Кина, откако 36 часа беа затрупани во јамата. До несреќата дошло кога поради земјотрес, се урнале некои платформи во рудникот. Осумина рудари загинале, а дваесетина беа спасени вчера.