Обама: на самитот во Кан постигнат значаен прогрес

Барак Обама во Кан

Американскиот претседател Барак Обама денеска на крајот од самиот на Г 20 во Кан изјави дека светските лидери направиле важен напредок со цел економското заздравување да го стават врз поцврсти основи. Тој додаде дека доколку не се обездеби поголем пораст на европската економија ќе бидат погодени сите земји во светот. Обама ја потенцира, како што рече, одлуката на Кина за пофлексибилен курс на нејзината валута, јуанот.