Спречен обид за кршење на блокадата за Газа

Израелски воени бродови денеска пресретнале два брода во обид да влезат во Појасот Газа и покрај блокадата воведена од Израел. Се прецизира дека станува збор за канадски и за ирски бродови кои сега биле пренасочени во израелското пристаниште Ашдод. Во акцијата немало повредени.