КФОР ги остранува барикадите - Србите ставаат нови

Војници на КФОР започнаа денеска да ги отстрануваат барикадите поставени на магистралниот пат Рибариче-Зубин Поток близу граничниот премин Брњак, додека локални Срби со багери повторно поставуваат нови барикади, јавуваат агенциите од Косово.

Мал број Срби се обиделе да заштитат барикада висока над два метра, но војниците на КФОР не дозволиле и пред барикадата поставија кордон војници.