Илјадници иранци скандираат „Смрт на Америка“

Илјадници иранци скандираат „Смрт на Америка“ со што ја одбележуваат годишнината од превземањето на амбасадата на САД во 1979 од страна на милитантите.

На 4 Ноември 1979 еден месец по исламската револуција и падот на Шахот Мохамед Реза Пахлави кој беше подржан од САД, револуционерни студенти ја презедоа Амбасадата на САД и 444 дена држеа во заложништво 52 американски дипломати.

Тоа доведе до прекин на дипломатските односи меѓу Иран и САД.