Атина: Парламентот ќе гласа за доверба на Владата на Папандреу

Премиерот Јоргос Папандреу и неговиот кабинет на полноќ ќе бидат подложени на гласање за доверба.Портпаролот на грчката Влада Илијас Мосијалос изјави дека кабинетот на Папандреу е подготвен да разговара со опозицијата за нејзиното барање за формирање техничка влада до одржувањето на предвремени парламентарни избори. До ова дојде поради плановите на Папандреу да свика референдум за европскиот спасувачки план.Опозициската партија Нова демократија вчера побара формирање на преодна влада, која ќе управува со земјата додека да се обезбеди шесттата транша од заемот на меѓународните кредитори, а потоа ќе биде задолжена да организира избори. Францускиот претседател Никола Саркози изјави, дека испратената порака од Париз и Берлин до Атина за распишувањето на референдум во Грција, е сфатена.Претходно, Меркел и Саркози по состанокот со грчкиот премиер Јоргос Папандреу и останатите европски лидери, соопштија дека зачувувањето на еврозоната е поважно од спасувањето на Грција.