Сирија се соочува со протести

Големи протести се очекуваат денеска во Сирија по последните случувања кои беа тест околу владината воља да постигне договор со арапската лига за запирање на насилствата и почнување разговори со демонстрантите. Десетици цивили вчера беа убиени во градот Хомс,еден ден откако Сирија се согласи со планот на Арабската лига да ја повлече армијата од градовите, да ги ослободи политичките затвореници и да одржи разговори со опозициските лидери. Во сириските седумесечни протести, на кои се бараат реформи и оставка на претседателот Башар Асад, загинаа три илјади лица.