Израел под казна не им префрла буџет на палестинските власти

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го држи писмото со кое бара признавање на палестинската државност на 66 Генерално собрание на ОН на 23 септември 2011 година.

Израел го суспендираше трансферот на наплатени даноци за палестинските власти во вредност од околу 100 милиони долари во знак на протест против приемот на Палестина во агенцијата за култура на ОН, УНЕСКО. Официјални претставници од двете страни потврдија дека Израел овој месец не го направил трансферот. Парите вообичено се префрлаат во првите три дена од месецот.

Палестинското влегување во УНЕСКО е дел од поширока кампања за да се издејствува ОН да ја признаат независноста на државата на Палестинците.

Овој потег го разлути Израел кој се закани дека ќе ги суспендира месечните трансфери од околу 100 милиони долари што ги собира од царини и некои даноци во име на Палестинците и потоа ги префрла на сметка на палестинската влада на Западниот Брег.