Деветмина убиени во Сирија

Протести во Сирија.

Сириските војници денеска убиле деветмина луѓе, само еден ден откако Сирија и вети на Арапската лига дека ќе запре со насилството против демострантите, информираат активисти за човекови права. Организацијата „Сириска опсерваторија за човекови права“ со седиште во Лондон, повикувајќи се на очевидци, соопшти дека деветмината цивили биле убиени во немирната провинција Хомс. Оваа провинција е жариште на протестите против режимот на претседателот Башар Ал Асад. ОН проценуваат дека откако почнаа протестите во Сирија, во март, биле убиени повеќе од 3.000 луѓе.