Во Загреб денеска започна судскиот процес против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за аферата со австриската банка „Хипо Алпе Адриа“, кое поради големиот интерес е емитуван на државната телевизија. Санадар изјави дека го разбира обвинението и дека не се чувствува виновен.
Поранешниот хрватски премиер е обвинет дека во 1994 и 1995 година побарал и добил од австриската банка „Хипо Алпе Адриа“ 483.000 евра провизија за кредит, кој Хрватска го добила од таа банка.
Санадер беше уапсен во Австрија лани во декември, а во јули оваа година беше екстрадиран во Хрватска.