Русија се сомнева во фер судењето на „трговецот со смртта“

Thailand -- Alleged Russian arms dealer Viktor Bout arrives at a Criminal Court in Bangkok, 05Oct2011

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе се обиде да го донесе дома во Русија дилерот со оружје Виктор Бут, кој вчера од федералниот Суд во Њујорк беше осуден за обид да им продаде тешко оружје на една колумбиската терористичка група.
Руското министерство изрази сомневање дека судскиот процес бил фер.

Бут кој е познат и како „трговец со смртта“ се соочува со доживотна казна. Адвокатот на Боут, соопшти дека неговиот клиент ќе поднесе жалба. Боут беше уапсен во 2008 година, во заедничка операција на американски и колумбиски служби.

Обвинителството соопшти дека имаат тајни снимки кои покажаат дека Боут кој е поранешен Советски воен офицер сакал да направи милиони со доставувањето оружје на бунтовниците.