Израел тестираше ракета што може да носи нуклеарка

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак.

Израел денеска тестираше ракета за која се тврди дека може да носи нуклеарна боева глава и да го нападне Иран. Израелското министерство за одбрана потврди дека била тестирана ракета, но одби да даде детали за тестот. Министерот за одбрана Ехуд Барак изрази задоволство од тестот и оцени дека тоа е „важен чекор во израелскиот ракетен и вселенски напредок“. Тестирањето доаѓа два дена откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди на „директна и голема закана“ за Израел од иранската нуклеарна програма.