Пишман-петиција за парламентарно сослушување на Ахмадинеџад

Петицијата за повикување на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на парламентарно сослушување поради обвинувањата за корупција пропадна, откако неколкумина пратеници ја повлекоа својата поддршка за ваквото барање, изјави за агенцијата Асошиејтед прес, познатиот ирански пратеник Мохамад Хосеин Фарханџи.

До неделата, петицијата ја потпишаа 73 пратеници и со тоа беше исполнет законскиот услов кој предвидува дека претседателот може да биде повикан на парламентарно сослушување ако тоа го побараат една четвртина од пратениците во 290-члениот парламент. Фарханџи изјави дека најмалку тројца пратеници денеска ги повлекле потписите од петицијата.

Во последните неколку месеци, економската политика на Ахмадинеџад е мета на жестоки критики од радикалните структури во Иран.