Индија стана „фаворизирана земја“ во Пакистан

Премиерот на Пкистан, Јусуф Раза Гилани.

Пакистанската влада донесе одлука да додели на Индија статус на „фаворизирана земја“ во обид да ја зголеми трговијата меѓу двата соседи кои поседуваат ннуклеарно оружје. Пакистанскиот министер за информации, Фирдус Ашик Аван, изјави дека кабинетот на премиерот Јусуф Раза Гилани ја донел одлуката едногласно. Ваквиот статус, Пакистан им го има доделено на повеќе од 100 земји, меѓу кои и Кина – најблискиот сојузник на Исламабад. Индија и Пакистан се во децениски спор за хималајскиот регион Кашмир за што водеа и две војни. Двете земји годинава ги обновија мировните разговори што беа прекинати во 2008 година, откако Пакистанци извршија терористички напад во Мумбаи во кој загинаа 166 луѓе.