Најмногу подмитуваат руските и кинеските фирми

Компаниите од Русија и од Кина најмногу нудат мито за бизниси во странство. Ова се наведува во истражувањето на Транспаренси интернешнал објавено денеска во Берлин. Холандија и Швајцарија се посочени како земји чии компании најмалку нудат мито за да добијат некоја зделка.