Ѓул: Карзаи и Зардари се договорија да почнат со соработка

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска беше домаќин на средбата на авганисткиот претседатл Хамид Карзи и неговиот пакистански колега Асиф Али Зардари. По средбата на заедничка конференција Ѓул изјави дека неговите колеги се согласиле да соработуваат во истрагата за убиството на поранешниот претседател и мировен преговарач со Талибанците Бурханудин Рабаани. Авганистан ја обвини пакистанската разузнавачка служба дека соработува со Талибанците додека Пакистан ги негира обвинувањата. На трилатералните разговори ќе им следува регионална конфернција на која ќе присуствува и индискиот министер за надворешни работи и негови колеги од Франција и Германија.