Албански обвинители побараа доживотна робија одговорните за експлозијата во фабрика за оружје

Албанското обвинителство побараа од судот доживотна казна затвор за поранешен висок функционер во албанското Министерство за одбрана и за уште две други лица поради нивната улога во екпслозија во фабрика за оружје пред три години при која загинаа 26 луѓе.
Обвинителите освен тоа побараа од една до 23 години затвор за останатите 25-мина обвинети, меѓу кои е и поранешниот началник на Генералштабот на албанската армија.
Сите обвинети негираа дека се одговорни за експлозијата во фабриката во 2008 година.
Се очекува судот да ги донесе пресудите против обвинетите во овој случај до крајот на годинава.