Демонстрации во Ница пред самитот на Г-20

Илјадници демонстранти се собираат во францускиот град Ница на планираните протести денеска попладне против самитот на Г 20. Лидерите на групата 20 индустриски најразвиени и земји во развој, во четврток и во петок во Кан ќе расправаат за слабиот економски раст во светот и за финансиската криза во евро-зоната. Главно мото на денешните демонстрации во Ница е – “Прво луѓето, па потоа финансиите”. Илјадници француски полицајци ќе бидат распоредени пред и за време на доржувањето на самитот на Г 20 за да се псрават со анти-глобалистичките протести.