Во Лондон конференција за интернет криминалот

Владини претставници, бизнис лидери и интернет стручњаци, во Лондон одржуваат состанок посветен на безбедносните закани и криминалот на интернет и мерките за превенција без притоа да се нарушат економските можности и слободата на говорот. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, како и претставници од Кина, Индија и Русија се очекуваат на конференцијата.