Грција ќе распише референдум за планот за спас од задолженост

Јоргос Папандреу

Грчкиот преиер Јоргос Папандреу најави распишување на референдум за договорот за спас на земјата од задолженост, кој беше постигнат минатата недела. Лидерите од Еврозоната се согласија да обезбедат втор заем за Грција во износ од 130 милијарди евра, како и отпишување на 50 проценти од постоечкиот долг. Папандреу изјави дека му е потребна поширока политичка подршка за реформите кои ги бараат меѓународните лидери.