Карзаи и Зардари ќе се сретнат во Истамбул

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и неговиот пакистански колега Асиф Зардари денеска ќе се сретнат на разговори во Турција. Турскиот претседател Абдула Ѓул ќе биде домаќин на средбата во Истамбул. Турските власти се надеваат дека со разговорите ќе се стави крај на меѓусебните обвинувања помеѓу Пакистан и Авганистан за серија милитантски напади. Авганистанските власти ги обвинуваат пакистанските разузнавачки служби за наводна подршка на Талибанците и нивната сојузна група милитанти Хагани. Официјален Пакистан ги отфрла обвинувањата.