Обединетите нации го осудија нападот во Кандахар

Советот за безбедност при Обединетите нации го осуди нападот на една од институциите на светската организација во Кандахар, Авганистан. Претседавачот со Советот за месец октомври Џој Огву ги повика властите во Кабул да ги пронајдат одговорните за инцидентот кој се случи на 31 октомври, во кој загинаа три лица меѓу кои и еден полицаец. Станува збор за напад кој бил извршен со детонација на автомобил бомба во близина на куќата на Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации.