Србите не дозволиле конвој на КФОР да помине преку селото Зупче

Локалните Срби во Северно Косово спречиле преку селото Зупче да помине конвој на КФОР во кој се возел и Командантот на силите на НАТО во Косово генерал Ерхард Древс. Причина за тоа било што во конвојот имало автомобил на ЕУЛЕКС јавуваат српските медиуми.
Србите биле подготвени да ги пропуштат сите автомобили на КФОР, но не и џипот на ЕУЛЕКС.Заменик градоначалникот на општина Зубин Поток Срѓан Ѓуровиќ изјавил дека командантот на КФОР побарал повторно да се обезбеди слободно вижење за сите претставници на мисии во Косово при што тој одговорил дека ќе дозволат ама „без присуство на претставници на приштинските институции во северно Косово".