СДСМ: Антикорупциска е инструмент на Груевски

Антикорупциска комисија ќе покрене иницијатива за кривично гонење на СДСМ за нерегуларнотите при поднесувањето на извештаи за финансирање на политичката кампања за предвремените избори. Емилијан Станковиќ од СДСМ изјави дека Комисијата е еден од инструментите на Груевски за спроведување на селективна правда и дека таа влегува од скандал во скандал. Тој додаде дека за Антикорупциската комисија нема ништо спорно и незаконски што ВМРО ДПМНЕ нема покритие за 3 милиони евра во предизборната кампања.
На обвинувањата тој одговори дека СДСМ работела во согласност со изборните правила и прописи.