Иванов: Македонија паралелно да работи на спорот со Грција и преговори со ЕУ

Macedonia President George Ivanov

Хрватска како идна членка на ЕУ нема да поставува пречки на патот на Македонија кон Унијата без оглед на отвореното билатерално прашање со Грција. Ова е оценката на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ по нивната средба во Загреб. Јосиповиќ изрази поддршка за македонските евроинтеграци и изјави дека билатералните проблеми не смеат да влијаат на патот на која било држава кон ЕУ.
Иванов побара од Јосиповиќ да се заложи за примена на хравтско- словенечкиот пример за решавање на спор, односно Македонија паралелно да почне со преговори со Унијата и да го решава спорот со Грција за името. Тие се согласија дека oдносите меѓу двете држави се на одлично ниво, но постои уште многу простор за соработка во економијата, преку инфраструктурно поврзување и раст на трговската размена. Македонскиот и хравтскиот минситер за правда потпишаа договор за екстрадиција.