Над 600 тела се извлечени под урнатините во Турција

Турските власти денеска соопштија дека бројот на загинати при земјотресот во областа Ван изнесува 600 а над 4 илјади луѓе се повредени. Од урнатините се извелечени 188 живи луѓе урнати се над 2200 згради. Во регионот се поставени над 43 илјади шатори во кои се сместени семејставта кои останаа без своите домови. Земјотресот со интензитет од 7,2 степени по Рихтер го погоди источниот округ Ван на 23 октомври.