НАТО ја завршува мисијата во Либија

НАТО денеска и официјално ја завршува мисијата во Либија, седум месеци од почетокот на воздушните напади кои одиграа клучна улога во соборувањето на Муамер Гадафи кој на 20 овој месец беше убиен за време на борбите во Сирт. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен оцени дека оваа мисија била една од најуспешните во историјата на Алијансата. Либискиот Национален преоден совет побара од НАТО да ја продолжи воената операција до крајот на годинава.