Судир меѓу Турците и Курдите во Виена

Во Виена синоќа дошло до судир меѓу Курдите и Турците при што биле користени шишиња и пиротехнички средства. Судирот се случил по одржаните два собира во Виена. На првиот околу две илјади турци им изразиле поддршка на властите во Турција, додека на вториот курдите протестирале поради воената интервенција против курдското малцинство во Турција. По завршувањето на собирите, една група протурски приврзаници се упатила кон просториите на курдите, каде што дошло до судирот.